Во современата естетска медицина најважна е безбедноста и ефикасноста на секој третман. Затоа, во 101 Body Clinic се водиме исклучиво по технологии и методи кои имаат цврста научна и клиничка поддршка. Секој уред и секоја процедура што ја користиме е потврдена преку бројни рецензирани студии, клинички испитувања и медицински публикации.

Нашата цел е да им понудиме на клиентите третмани кои не се само современи и иновативни, туку и научно докажани како безбедни и ефикасни. Со ова гарантираме дека резултатите не се базирани на маркетинг или трендови, туку на вистински медицински факти и долгогодишна експертиза.

Во оваа секција ќе најдете научни трудови и клинички студии поврзани со технологиите што ги применуваме – од нехируршко обликување на тело и редукција на масни наслаги, до третмани за затегнување на кожа, намалување на целулит и подобрување на текстурата, третман на инконтиненција и сл.

Веруваме дека транспарентноста и пристапот до научни информации се клучни за градење доверба. Затоа, секој третман што го нудиме е поткрепен со докази – за да знаете дека вашата трансформација е во сигурни и професионални раце.